Фудбалерите на Манчестер Јунајтед ќе бидат домаќини на Барселона во првиот меч од 1/4 финалето, а не како што беше при ждрепката кога каталонците беа извлечени први.

УЕФА овој потег го направи од безбедносни причини, бидејќи и Манчестер Сити беше извлечен втор во двомечот со Тотенхем и реваншот ќе го игра на домашен терен. Според правилата на УЕФА и поради безбедноста на екипите не е дозволиво да се одиграат два натпревари во 24 часови во исти град.

Манчестер Јунајтед на 9 или 10 април ќе ја пречека Барселонана Олд Трафорд, а недела дена подоцна ќе гостува на Ноу Камп. Манчестер Сити ќе гостува прво во Лондон, а потоа ќе биде домаќин на Тотенхем на Етихад.

OhridNews

ЛШ: Фаворитите се избегнаа во ждрепката за 1/4 финалето