Максимум 9.500 гледачи ќе може да има на трибините на стадионот во полски Гдањск, на финалето во Лига Европа што е планирано за 26-ти овој месец, објавија УЕФА.

Полските власти одобриле 25% од капацитетот на стадионот.

Гледачите кои ќе дојдат од странство ќе мора да ги почитуваат ограничувањата и барањата кои се на сила на полска територија во време на играњето на финалето затоа што за нив нема да има исклучоци“ предупредија од УЕФА.

Праксата покажува дека „влегувањето на стадион ќе биде дозволено само во склад со локалните закони кои би требало да се прецизираат оваа недела и кои можат бараат доказ за вакцинација против Ковид 19, односно негативен ПЦР тест“, додаваат од УЕФА.

Европската куќа на фудбалот одобри по 2.000 влезници за двата финалисти, а 2.000 билети ќе бидат во продажба по цена помеѓу 40 и 130 евра.

Преостанатите билети се наменети за локалниот организациски одбор, за УЕФА, за националните сојузи, за комерцијалните партнери и дистрибутери.

УЕФА објави и дека за продажбата на влезниците ќе биде организирана ждрепка.

Учесниците во финалето во Гдањск ќе бидат познати задутре, кога се играат реванш полуфиналните дуели меѓу Рома и Манчестер Јунајтед (2-6 на првиот меч во Англија) и Арсенал – Вилјареал (шпанскиот тим славеше со 2-1 на првиот меч).

OhridNews