Европската куќа на фудбалот (УЕФА) направи рокада и го смена домаќинот на првиот натпревар помеѓу Милан и Шкендија, кој место на „Телеком арената“ ќе се игра на Сан Сиро во Милано.
УЕФА се одлучи на ваков потег, бидејќи и Вардар беше извлечен како домаќин на првиот дуел со турскиот преставник Фенербахче.
Значи, скопските „црвено црни“ првиот меч со Фенербахче ќе го одиграат на 17 август во 20 часот во Скопје, додека тетовчани, фудбалерите на Милан ќе ги пречекаат недела дена подоцна.
Двата македонски клуба немаа среќа во ждрепката, но затоа добија атрактивни ривали кои со сигурно ќе ја наполнат Националната арена.
OhridNews