Руските фудбалски клубови нема да играат во европските натпреварувања во сезоната 2022/23, соопшти Европската фудбалска асоцијација.

Во сезоната 2022/23 нема да има претставници на Русија во европските натпреварувања. Поради ова, согласно принципите пропишани во прописите на машките и женските турнири, променета е шемата за пристап на екипите до европските натпреварувања, се вели во соопштението.

Во табелата со коефициенти на УЕФА, Русија ќе добие најнискиот износ на бодови што руските клубови го собрале во последните пет години. За сезоната 2022/23 тоа се 4.333 бода.

OhridNews