Европската куќа на фудбалот (УЕФА) го следи примерот на Премиер Лигата и се впушти во борба против расизмот. Викендов во најсилната англиска лига акцијата доживеа фијаско откако дел од фудбалерите не ги носеа маичките со пораките за единство.


УЕФА ги задолжи сите капитени на екипите кои ќе настапуваат во Лигата на Шампиони или Лигата на Европа на место вообичаените капитенски ленти да ги сменат со траки на кои ќе има порака “Се обединуваме против расизмот“.

Во вторник и среда резервирано е за возбудувањата во Лигата на Шампиони додека в четврток на програмата се натпреварите од Лигата на Европа.

Мх.П.