Европската куќа на фудбалот (УЕФА) на својата официјална интернет страница објави детали околу билетите за Супер купот кој ќе се одржи на 8 август на „Телеком арената“ во Скопје.

Аплицирањето за билетите, односно сите потребни информации за билетите ќе бидат достапни на 13 јуни на оваа страна од УЕФА. Плаќањето на УЕФА страната исклучиво ќе биде со МастерКард и Виза кредит картичките кои треба да бидат исправни. Билетите ќе се доделуваат по пат на лотарија.

За титулата Во Скопје ќе се борат победникот во Лигата на Шампиони, Реал Мадрид и победникот во Лигата на Европа, Манчестер Јунајтед.

OhridNews