Турските клубови Бешикташ и Фенербахче од УЕФА добија суспензија од европските натпреварувања една односно две години за разлика од Стеуа, која беше помилувана.

Трите екипи на тапет од УЕФА беа поради сомнителни натпревари и неправилно работење во клубот. Најтешко помина Фенербахче, кој излез во Европа ќе нема следните две години со можност за зголемување уште една ако во иднина ги повтори истите грешки.

Токму помилуваната Стеуа е противник на македонскиот фудбалски првак Вардар во втората рунда квалификациите за групната фаза од Лигата на Шампиони.

Мх.П.