Легендарните борци, Жуниор Дос Сантос и Алистер Оверим, повеќе не се дел од УФЦ-организацијата, објави ЕСПН.

Отпуштањето, Дос Сантос, го потврди на „Инстаграм“. Шампионот во тешка категорија од 2011 година, дел од УФЦ беше 13 години. Пред четири години тој се бореше за шампионскиот појас, во таа борба Дос Сантос загуби од Стипе Миочиќ. Во последните 18 месеци, Дос Сантос забележа четири порази.

Оверим, информацијата дека повеќе не е во УФЦ, се уште не ја потврдил. Одлуката на УФЦ да го отпушти Оверим претставува изненадување, бидејќи тој има две победи во последните три борби. 40-годишниот Холанѓанец, минатиот месец загуби од Волков.

OhridNews