Угината единка од Балкански рис (Lynx lynx), возрасна женка, е забележана денес околу 06.00 часот на патот Охрид – Ресен, кај с. Буково, информираат од Државниот инспекторат за животна средина.

Надлежните служби, посочуваат, извршиле теренски увид во соработка со Македонско еколошко друштво и Државен инспекторат за животна средина.

Угинатата рисица ќе биде однесена на обдукција во Скопје на Факултетот за ветеринарна медицина при УКИМ, Скопје, додаваат од ДИЖС.

Инаку, Балканкиот рис е загрозен вид и во Македонија има околу четириесеттина возрасни единки, додека на Балканот вкупно не повеќе од педесетина.

OhridNews

фото. МЕД/ДИЖС