Намалување на висината на комуналната такса за поставување на урбана опрема од сегашните 10 денари за метар квадратен на 5  денари, бараат сопствениците на угостителските објекти.


Нивните барања на последно одржаната седница на советот ги изнесе сосветникот Дејан Блажески, кој нагласи дека потребата за намалување на таксата произлегува од тешката состојба во туризмот.

Мислам дека треба да се излезе во пресерет на барањата на сопствениците на угостителски објекти, заради тоа што мислам дека како избраници од народот, треба да ги пренесеме нивните прашања и проблеми.  Цената на комуналната такса  за поставување урбана опрема пред деловни објекти изнесува  10 денари по метар квадратен на ден.Споре законот и тарифникот   може да изнесува од 5-15 денари по метар квадратен на ден. Прашувам дали ќе може да се изврши изменување на старата одлука со цел  намалување на цената од  10 на  5 денари од ден  , со што ќе им излеземе во пресрет на угостителите и нивните барања, се обрати го градоначалникот советникот Блажески.

Градоначаникот одговори дека барањето дополнително  ќе биде разгледано од страна на стручните служби во општината со цел да се согледа ефектот  од ваквиот предлог врз Буџетот , по што ќе биде одговорено , односно ќе биде даден предлог до Советот на Општина Охрид.

OhridNews