Екипата на средното угостителско училиште ,,Ванчо Питошески,, го освои третото место на завршниот турнир од Кока Кола купот. Вториот охридски тим О.У. ,, Св.Климент Охридски,, претпре пораз во малото финале.
По многу жешко време на стадионот на Железарница во Скопје на добро уредениот простор,се одиграа неколку натпревари во кои доминираше дружењето,фудбалот и фер плејот. Во конкуренција од осум општини нашите екипи имаа забележителен настап.
Екипата на основците при О.У. ,,Св.климент Охридски,, под водство на проф.Љупчо Тасески завршија на четвртото место и за малку не се закитија со медал.
Екипата на среднистите од ,,Ванчо Питошески,, под водство на проф.Андрески Тони и проф.Мешкоски Љубе се најде на третата позиција и се закити со бронзен медал.
Кока кола купот е проект за промоција на здрави навики на живеење,за промоција на спортскиот живот и другите позитивни вредности и придобивки од спортувањето, каде натпреварувачкиот карактер не е на прво место.
Проектот опфати 1500 дечиња и девојчиња од Македонија на возраст од 12 до 16 години,а беше реализиран по повод ЕП во фудбал во Полска и Украина 2012
ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com