Понеделник, 30- ти јуни, со почеток во 11 часот во големата сала од општинската зграда,во организација на Агенцијата за храна и ветеринарство ќе се одржи еднодневна работилница за интензивирање на имплементацијата на HACCP во угостителските објекти.

На работилницата на која се очекува присуство од угостителските работници, ќе бидат претставени основите на контролните системи за безбедност на храната кои треба да се имплементираат во поголемите угостителски објекти кои произведуваат и послужуваат храна и во помалите, каде што HACCP системот пофлексибилно се имплементира.

Во тек е и подготовка на водич „ НАССР системот во угостителските објекти и неговото имплементирање“, со единствена цел – подобро информирање на угостителите со принципите на НАССР системот, со акцент на подобрување на имплементацијата на овој безбедносен систем во угостителските објекти во Република Македонија. Водичот се подготвува во соработка со Здружението за хотели, ресторани и кафетерии на Република Македонија – ХОТАМ.

OhridNews