Охридските угостители се подготвуваат да ги дочекаат гостите за претстојните празници. Како што изјави претседателот на Здружението  „ Охридски еснаф“,Михаил Мишев, се очекува добра посетеност, пред се на туристи од соседните земји.

Резервациите се во тек, според податоците со кои располагаме во моментов, очекуваме добра посетеност во периодот од новогодишните празници па се до Водици. Секој од угостителските објекти самостојно ќе одлучи какви поволности ќе им понуди на гостите, дали преку забава или пак преку намалување на цените. Се надевам дека по завршувањето на празниците ќе можеме да се пофалиме со позитивни резултати , рече Мишев.

Подготовките за претстојните празници беше една од точките на дневен ред на денес одржаниот состанок на членовите на охридскиот еснаф , на кој беа дадени и мислења и сугестии во насока на подобрување на квалитетот на услугите во угостителските објекти, како и за зголемувањето на рејтингот на Охрид како туристичко место.

Т.К.