Сопствениците на  ресторани, кафетерии и хотелите кои се наоѓаат на првата линија на охридското крајбрежје, ќе можат краткорочно  да го закупат просторот пред нивните објекти и да уредат плажи.  Според Јавниот повик кој деновиве го објави Министерството за транспорт и врски, за оваа намена ќе може да бидат издадени само оние делови од крајбрежјето за  кои се исполнети  основните услови за доделување на краткотраен закуп.

Заинтересираните субјекти кои до сега не го оствариле ова право ќе треба да достават барање до министерството, во кое мора да приложат извод од урбанистички план или урбанистичка планска документација; урбанистичко техничка документација за уредување на капалишта; геодетски елаборат за нумерички податоци изработен врз основа на урбанистичко-техничката документација; доказ за сопственост (имотен лист) на угостителскиот објект пред кој е предвидена плажа, и уште неколку други документи.

Јавниот повик е отворен до 30 март 2012 година.