– Тоа го дозволува новиот Закон за инспекциски надозр, кој стапи на сила од 1- ви април. Согласно овој закон, ние како општински инспекторат имаме поголеми надлежности. Од сега, поплаките од граѓаните ќе се решаваат на општинско ниво, односно од страна на комисија, формирана од градоначалникот, а не како до сега, во министерството за економија, каде пристигаа поплаки од целата земја и нивното решавање одеше многу бавно, објаснува раководителот на општинскиот инспекторат, Танас Танасоски. За избегнување на евентуалните инциденти и нарушувања на јавниот ред и мир во текот на туристичката сезона, Танасоски, побара од полицијата нивни вработени постојано да се присутни на улиците Самоилова и Коста Абраш, каде во летниот период има наголема фреквенција на луѓе.
Надлежните нагласуваат дека согласно новиот закон за угостителска дејност, укината е одредбата со која се дава можност од страна на локалната самоуправа да се продолжува работното време на угостителските објекти. Тоа сега е регулирарано со закон и во летниот период ќе биде до 1 часот по полноќ.
За проблемите кои години наназад се провлекуваат во летниот период, како што се бучавоста и нарушувањето на јавниот ред и мир, се разговараше на средбата организирана од СВР- Охрид со Советодавната група граѓани, на која присуствуваа и дел од угостителскиот еснаф и инспекциските служби.
Според угостителите, причина за честите нарушувања на јавниот ред и мир во и околу угостителските објекти е тоа што тие се наоѓаат на погрешни места и се раководени од погрешни луѓе.
– Постојано проблемите ги прават едни исти луѓе, чиј идентитет полицијата го знае, но очигледно казнените мерки не влијаат врз нивното однесување. Треба да се внимава и кој го врши обезбедувањето на локалите, вели угостителскиот работник, Љупчо Патчев.
Од СВР- Охрид потенцираат дека во последните неколку години има поголем успех во решавањето на случаите на нарушувањето на јавниот ред и мир. Сепак, вели портпаролот на СВР, Стефан Димоски, често пати и самите сопственици на угостителскит еобјеккти, за да го заштитат сопствениот имиџ не го пријавуваат нарушувањето на јавниот ред. – Неодамна на подот во едно од кафулињата во градот беше пронајдена опојна дрога, но сопственикот воопшто не го пријави случајот, ниту пак сакаше да соработува со нашите служби, вели Димоски.
Присутните на состанокот се согласија дека сите проблеми не можат да се решат пред почетокот на претстојната туристичка сезона, но се оптимисти дека голем дел од нив ќе се отстранат со измените во законот за инспекциски надзор и законот за бучавоста.