Цените на угостителските услуги во април годинава се зголемени за 0,1 процент во однос на претходниот месец, а за 4,4 проценти споредено со април лани, објави денеска Државниот завод за статистика.

Цените, анализирано по групи во април 2025 година во однос на март 2025 година се зголемени за 0,2 проценти кај Храна, за 0,1 процент кај Алкохолни пијалаци и за 0,1 процент кај Безалкохолни пијалаци. Во групата Ноќевања не е забележана промена на цените, велат од ДСЗ.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги, додаваат, во периодот јануари – април годинава во однос на истиот период од минатата година е 105.8, додека во однос на декември 2024 година е 101.0.

OhridNews