Членовите на Советот за развој на ЈУГОЗАПАДНИОТ плански регион, и вработените во Центарот за развој, изразуваат длабоко сочувство од прераната смрт на градоначалникот на Општина Охрид, Проф. д-р Јован Стојаноски. Од започнувањето на неговиот мандат, Стојаноски, силно се залагаше за подобрување на состојбите во ЈУГОЗАПАДНИОТ плански регион, особено преку реализација на проекти од витално значање за животот на граѓаните, се вели во соопштението на Советот за развој на ЈУГОЗАПАДНИОТ плански регион.

Беше непосреден, и секогаш подготвен да придонесе да се изгради подобра слика за Регионот, преку креирање на идеи и иницијативи за нови партнерства, со цел да се остварат општествено корисни резултати.

Се простуваме со нашиот Јован само неколку дена по свеченото пуштање на пешачката патека во стариот дел на Охрид и реконструираната детска градинка Развигорче, при што искрено и простодушно, изразуваше задоволство од сработеното. Се простуваме од несебично активниот член на Советот за развој на ЈУГОЗАПАДНИОТ плански регион, каков што беше Јован Стојаноски, кој со тимот на Центарот за развој, градеше стратегии, разменуваше идеи и трасираше нови проекти за добробит на граѓаните на Охрид и Регионот.

Совет за развој на ЈУГОЗАПАДНИОТ плански регион.

OhridNews