Во текот на попладневните и вечерните часови, како и за време на ноќта, под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На поедини места од државата локално се најавуваат поинтензивни поројни врнежи од дожд, при што нема опасност од излевање на поголемите реки во земјата, предупреди во вонредната прогноза Управата за хидрометеоролошки работи – УХМР.

Доколку на одредени места врнежите бидат поинтензивни и паднат за кратко време и ако бидат во форма на невреме придружувани со силен ветер можна е појава на слевање на вода во градските урбани средини поради неможноста за одведување на водата. Исто така, при краткотрајни интензивни врнежи можно е локално брзо зголемување на водостојот на помалите реки и суводолиците. При такви околности, предупредуваме на внимателно движење покрај помалите реки и суводолиците низ земјава, информира УХМР.

.