Попладне Македонија ќе ја зафати невреме проследено со пороен дожд, интензивни електрични празнења и засилен ветер, предупреди Управата за хидометеоролошки работи. На места можна е појава на град, особено во западните подрачја.

И во текот на утрешниот ден се очекуваат слични временски прилики. На места се очекува да наврнат до 20 литри на метар квадратен.

Поради можна опасност, се препорачува да се избегнува престој на отворен простор и под дрва во случај на електрични празнења.

OhridNews