Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле, ќе прерасне во истражувачки универзитет, најави управата на универзитетот. За таа цел вчера во Скопје беше потпишан договор за соработка со државниот универзитет „Св. Кирил и Методиј“.

-Охридскиот универзитет„Св. Апостол Павле“  планираме да го изградиме како истражувачки универзитет  – изјави ректорот на УИНТ  „Св. Апостол Павле“ – Охрид,  Нинослав Марина.

Тој истакна дека, е започната соработка на универзитетите, која опфаќа  активности од научно-истражувачки и образовен карактер.

– Исто така отпочната е и размената на професори и академски кадар – додаде Марина.

Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Велимир Стојковски, потенцира дека капацитетите на оваа високообразовна установа ќе му бидат ставени на располаѓање на УИНТ – Охрид. Двата универзитетите најавија во иднина заедничи подготовки и апликации на проекти.

OhridNews