По повод  Европската недела на дигиталната писменост – European E-skills Week 2012, Стопанската Комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ, го организираше настанот – „Дигитална писменост во Македонија“.

Оваа иницијатива веќе неколку години се организира од страна на Европската Комисија во соработка со DIGITALEUROPE (глас на Европската индустрија на дигитална технологија) и EUROPEAN SCHOOLNET (мрежа од околу 30 Министерства за образование во Европа и пошироко, со цел воведување на иновативноста во наставата), која исто така е подржана од бројни светски лидери во информатичката технологија како Nokia, Microsoft, Cisco, Intel и многу други претпријатија ширум светот.

Со склучувањето на договор за партнерство помеѓу Стопанскта комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ со CERTIPORT (светски лидер во ИТ сертификација), македонските граѓани ќе имаат можност да се стекнат со Certiport сертификат како потврда за нивната компјутерска писменост – светски признат сертификат, промовиран на овој настан.


Настанот го отвори претседателот на МАСИТ Игор Бимбилоски, а свое обраќање имаше и Министерот за информатичко општество и јавна администрација Иво Иваноски. Учество зеде и Универзитетот за Информатички Науки и Технологии „Св. Апостол Павле“ – Охрид, а свое обраќање имаше ректорот проф. Д-р Данчо Давчевкој ја истакнаа улогата на Универзитетот за информатички науки и технологии во развој на ИКТ околината, како во Република Македонија, така и во светски рамки како интернационален универзитет. Ректорот Давчев посебно ја нагласи важноста од дигиталната писменост и ИКТ компетентноста на сите граѓани на Република Македонија.

OhridNews