Лицата кои обавуваат земјоделска дејност и чиј приход во 2013 година не надминува 1.300.000 денари, данокот на доход можат да го плаќаат паушално, информираат од УЈП. Паушалното оданочување може да се користи, без разлика дали земјоделството претставува основна дејност или истата се врши како дополнително занимање.
– Паушалното плаќање на данокот на доход претставува едноставно решение, кое го олеснува финансиското работење на земјоделците и овозможува плаќање на персоналниот данок на доход еднаш во годината, без никакви дополнителни обврски за водење на деловни книги, напоменуваат од УЈП.
Основа за пресметување на данокот претставува разликата помеѓу остварениот вкупен приход (во приходот не се вклучени примените субвенции) и признатите трошоци. За земјоделците кои ги исполнуваат условите за паушално оданочување се предвидени низа даночни поволности: целосно ослободување од плаќање на данок на доход, доколку приходот во 2013 година изнесува до 300.000 денари, од вршење на основна земјоделска дејност. Доколку приходите кои се остварени од основна земјоделска дејност се движат над 300.000 денари до 1.300.000 денари, предвидени се даночни олеснувања во висина од 80% од остварениот приход, односно се плаќа данок само на 20% од остварените приходи. Доколку се врши земјоделска дејност како дополнително занимање, предвидени се даночни олеснувања во висина од 80% од остварениот приход, односно се плаќа данок само на 20% од остварените приходи, а се предвидува и ослободување од плаќање на данок на доход за субвенции кои се доделени од страна на државата.
OhridNews