Од Управата за јавни приходи ги потсетуваат граѓаните доколку не извршиле плаќање на утврдените даночни обврски за персонален данок на доход за 2015 година и за претходни години (по основ на Годишна даночна пријава) и за 2016 година (по основ на Аконтативна даночна пријава), истото да го сторат во најкраток можен рок.
Укажувањето се однесува и за самостојните вршители на дејност (занаетчии, земјоделци, трговци поединци, адвокати, нотари и др.) кои не извршиле плаќање на персоналниот данок на доход, без разлика дали станува збор за обврзник кој го плаќа данокот според реален или паушално утврден приход.
Граѓанинот може да изврши проверка на состојбата на долговите за персонален данок преку интернет користејќи ја услугата „е-Плаќање на персонален данок“.
Регистрацијата за користење на оваа е-услуга е бесплатна за граѓаните.
Доколку граѓанинот по различни основи има потреба да му биде издадено Решение за утврдување на персонален данок, може да поднесе Барање за препис.
OhridNews