Заклучно со 10.02. до УЈП се поднесени 19.804 годишни извештаи, а се очекува во наредните денови да бидат поднесени уште над 40 илјади.
Со цел даночните обврзници да го запазат законскиот рок и навремено да ја исполнат својата обврска, сите шалтери на УЈП во понеделник и вторник, ќе работат со продолжено работно време до 20.00 часот“, се вели во соопштението на УЈП.