Управата за јавни приходи се сомнева во вредноста на луксузните пловни објекти што ја пријавиле сопствениците. УЈП воочила дека декларираната вредност на голем број скутери, глисери и други луксузни пловила е неколку пати помала од сумата на која тие се осигурени.

– Тоа беше вистинска причина да навлеземе подлабоко во контрола на вистинската вредност на овие пловни објекти, информираат од УЈП.

Во Македонија се проценува дека има околу 2-300 пловни објекти, од што најголемиот дел пловат на Охридското Езеро.

OhridNews