Од Управата за јавни приходи потсетуваат на обврската за поднесување на годишни извештаи за 2015.
Годишните извештаи ги поднесуваат исплатувачите кои во изминатата 2015 година:извршиле исплата на приходи на физички лица/граѓани по основ на: лични примања, авторски права и права од индустриска сопственост, капитал, имот и имотни права (закупнини), добивките од општи игри на среќа и други приходи за кои аконтацијата на данокот се плаќа по одбивка,исплатувачите кои извршиле исплата на приходи од добивки од посебни игри на среќа (игри на среќа во казино, обложувалница и автомат клуб) немаат обврска да поднесат Годишен извештај ,извршиле исплати на граѓани во 2015 година по основ на откуп на земјоделски производи – Годишен извештај (образец “ПДД-ГИ/ОЗП”).
Во “ПДД-ГИ/ОЗП” се пријавуваат податоци за физичките лица од кои извршиле откуп на земјоделски производи, шифра на дејност од НКД според дејноста која ја обавува физичкото лице и износот на исплатениот прихо, извршиле откуп на корисен цврст отпад од физички лица кои не се трговци поединци – Годишен извештај (образец “ПДД-ГИ/ОЦО”) во кој ги пријавуваат бруто-приходите на обврзниците, платениот персонален данок на доход, како и вкупно исплатените нето-приходи во изминатата година.
Организаторите на зелен пазар на кој се врши трговија на големо и мало, имаат обврска да достават – Годишен извештај (образец “ПДД/ГИ-ЗП”) во кој треба да пријават кој ги користел продажните места на зелениот пазар во изминатата 2015 година.
Годишните извештаи се поднесуваат најдоцна до 31 јануари 2016 година.
OhridNews