Од УЈП потсетуваат дека треба задолжително да се поднесе годишна даночна пријава најдоцна до 15-ти Март 2017 година.

Годишната даночна пријава треба да се поднесе доколку во изминатата 2016 година, освен плата или пензија или приход од земјоделска/самостојна дејност, сте оствариле и дополнителни приходи од:кирии, (издавање на имот – закуп или подзакуп); авторски права;индустриска сопственост; исплатена дивиденда; капитална добивка од продажба на учество во капитал и недвижен имот; поединечна добивка од општи игри на среќа (лотариски игри на среќа, електронски игри на среќа, наградни игри и интерактивни игри на среќа) во износ поголем од 5.000 денари; игри на среќа преку специјализирани странски интернет страници; интернет (е-трговија; услуги извршени преку специјализирани страни пр. њњњ.фрееланцер.цом, њњњ.упњорк.цом и др.; поставување на реклами на сопствени интернет страни; прогнози (дојави) на типови за спортски натпревари); лични примања од странство за активности поврзани со работењето во Република Македонија; работно сте ангажирани во амбасада, мисија на меѓународна организација…; и други дополнителни приходи, надвор од вашата редовна плата или пензија.

OhridNews