Со цел подигнување на јавната свест и превентивно делување за спречување на перење на пари кај прометот на недвижности, Управата за јавни приходи изготви Упатство наменето за сите правни и физички лица кои вршат услуги на промет на недвижности и кои имаат законска обврска да ги преземат сите мерки и дејствија за спречување на перење пари и финансирање на тероризам.

– Покрај надлежните институции, агенциите за недвижности имаат значајна улога во раното препознавање и спречување на перење на пари, бидејќи прометот со недвижности е еден од преферираните начини за прикривање на нелегално стекнатите приходи, а манипулирањето со цените на имотот е стар познат начин на трансферирање на нелегалните приходи помеѓу договорените страни, потенцираат од УЈП.

Со цел полесно препознавање на сомнителни трансакции / активности при прометот со недвижности, кои се најчестите техники на перење на пари, кои “зделки“ се ризични од аспект на перење на пари, изготвено е Упатство за спречување на перење пари за агенциите за промет на недвижности кое може да се најде на интернет страницата на УЈП.

OhridNews