Охрид се најде меѓу 24-те градови ширум земјава, во кои ќе се врши обука за користење на е-услугите на Управата за јавни приходи.

Еднодневната обука, на која ќе бидат презентирани практични примери за користење на е-услигите на УЈП, ќе биде достапна за правните лица, самостојните вршители на дејност и сметководствените бириоа. Учеството треба да се потврди со апликација.а учесниците треба да имаат основни познавања од интернет комуникацијата.

Обуката, која е бесплатна за учесниците, е закажана за 14-ти ноември со почеток во 12 часот, во просториите на Даночното одделение – Охрид.

О.Т.