Заради побрзо и ефикасно администрирање на барањата на даночните обврзници, УЈП воведува нови обрасци и тоа: 2 во делот на ДДВ и 2 нови обрасци во делот на фискализација.

Станува збор за Барање за издавање на потврда за регистриран/нерегистриран ДДВ обврзник, образец ДДВ-БП, за добивање потврда за регистриран или нерегистриран даночен обрзник за целите на данокот на додадена вредност. Барање за враќање во поранешна состојба заради ненавремено поднесена пријава за регистрација за ДДВ (образец БВПС/ДДВ-01). Доколку даночниот обврзник, не по своја вина, бил спречен да го запази законскиот рок за поднесување на Пријавата за регистрација за ДДВ (образец ДДВ-01) има право да поднесе Барање за враќање во поранешна состојба заради ненавремено поднесена пријава за регистрација за ДДВ (образец БВПС/ДДВ-01).Во барањето треба јасно да бидат образложени и веродостојни причините за пропуштање на рокот.Рокот за поднесување на барањето е еден месец од денот на престанувањето на причината за пропуштање на рокот или од денот од кој даночниот обврзник дознал за причината за пропуштање на рокот.

Се воведуваат и Пријава за дефект на фискален систем на опрема (образец ФА-ПДФС) , во случаите кога има дефект на фискалниот систем на опрема, овластениот сервисер поднесува Пријава за дефект на фискалниот систем на опрема (образец ФА-ПДФС) до надлежната даночна канцеларија на УЈП, заради техничко одржување или сервисирање на апаратот, и Пријава за функционалности на фискален систем на опрема (образец ФА-ФФСО)

Во случаите за времен прекин на користење на фискалниот апарат, погрешно внесен износ во фискалниот апарат или друго, даночниот обврзник е должен за истото да ја извести Управата за јавни приходи со поднесување на Пријава за функционалности на фискален систем на опрема (образец ФА-ФФСО).

OhridNews