Поради неиздавање на фискални сметки , Управата за јавни приходи, во Охрид санкционира неколку охридски ресторани, 2 геодетски бироа, фотографска лабораторија, автоперална, кабловска телевизија и летен шанк.

Поради утврдените неправилности во работењето на десеттината обврзници, изречена им е глоба и времена забрана за вршење на дејноста.

– Согласно кампањата на УЈП „СТОП НА СИВАТА ЕКОНОМИЈА, СТОП ЗА “ПЛАЌАЊА ПОД РАКА“!    против оние кои имаат намера да се стекнат со неправична и незаконска “предност” во однос на лојалната конкуренција и во наредниот период  ќе се вршат   редовни контроли од страна на инспекторите на УЈП во кое било време од денот. Интензитетот на контролите ќе биде засилен особено во летниот период кога во Охрид престојуваат голем број гости , нагласува Снежана Стојановска од Регионалната дирекција на УЈП во Битола.

Т.К.