Седум златари во Охрид, една бетонска база и осум златари во Струга се затворени, по вчерашната заедничка акција спроведена од страна на инспектори од Управата за јавни приходи, полициски службеници и инспектори од Републичкиот пазарен инспекторат.
– Констатирани се низа прекршоци по законот за регистрирање на готовински плаќања, законот за платен промет и законот за трговија. Поради неиздавање на фискални сметки на правните субјекти изречени им се парични казни од 3.250 евра и 15 дена затворање на деловниот субјект. На бетонската база во Охрид изречена и е парична глоба од 3.250 евра, односно 2.500 евра за правниот субјект и 750 евра за одговорното лице, информираат од СВР Охрид.
Во акцијата, пазарниот инспекторат од неколку златари во Струга одзеде околу четири килограми злато, а во Охрид златен накит од околу 500 грама.
OhridNews