
Како што дознаваме, судот притворот го укинал согласно законот за кривична постапка, каде по член 123 став 1, кој што се однесува на крично дело убиство, а предвидува казна затвор во траење од најмалку 5 години, притворот може да трае една година. Овој законски рок истече денеска.
Судот донел решение во кое се наведени мерки на претпазливост, лицето да не ја напушта територијата на Република Македонија, одземена му е патната исправа пасош и обврзан е да се јавува пред надлежниот орган.
До ваков расплет дојде откако апелацискиот суд во Битола ја укина првичната одлука на Основниот суд Охрид кој обвинетиот во декември минатата година го осуди на казна затвор од 16 години и го врати предметот на повторно судење. Уследија два неуспешни обиди да почне судскиот процес во мај и јули оваа година поради непојавување на обвинетиот, односно на неговиот бранител во вториот случај. А кога конечно се создадоа услови да почне главниот претрес на рочиштето што се оджа на 25-ти јули обвинетиот спротивно на исказот даден на првото судење кога се изјасни за виновен и изрази каење за стореното кривично дело, се премисли и изјави дека се чувствува невин.
Поради тоа судечкиот судија Весна Кичеец го прекина судењето и закажа ново рочиште во септември, кога треба да бидат сослушани сведоците во случајот. Дали обвинетиот ќе ги почитува мерките на судот и ќе се јави на повтореното судење во закажаниот термин останува да се види.
Семејството на убиенот Димитар Матилоски изрази сомнеж дека може да се случи ваков епилог по одложувањето на почетокот на повтореното судење, укажувајќи тогаш дека обвинетиот и неговата одбрана имаат намера да ги искористат недоследностите во законот и да го одолговлекуваат процесот за да истече времето за притвор, што на крајот и се случи.
OhridNews











