Вчера преку Апелациониот суд околу 16 часот ни е доставена одлука со која се укинува притворот за Сеад Коачан. Кривичен совет на Основниот суд Скопје 1 ги повлече потерниците, изјви за Макфакс в.д .претседателот на Основниот суд Скопје 1, Стојанче Рибарев.
Според истрагата на СЈО, обвинетите фалсификувале документи со кои добиле тендер од 17 милиони и 200 илјади евра од ЕЛЕМ за ископ на јаглен и јаловина од рудникот Суводол. Овие три фирми на тендерот настапиле како конзорциум, а главен носител била „Трансмет“.
И покрај укинувањето на притворот стои одлуката да се замрзне имотот и сметките на сопственикот на „Трансмет“.
По веста за укинувањето на притворот на Сеад Кочан од страна на Врховниот суд, а по барање на обинителството на Марко Зврлевски, од СЈО најавија реакција за понеделник.
“Исцрепени се сите правни средства околу притворот, ќе се изнесеме најверојтно во понеделник за сите забелешки и за тоа што неовластен предлагач побара укинување на притворот“, велат од СЈО.
OhridNews
извор: „Макфакс“