Според најновите информации од АМСМ од 15.50 часот, забрани за движење на тешки товарни возила има на планинскиот премин Пресека, како и на крак Маврово – Дебар. Забраната за сообраќај за тешки товарни возила за планинскиот превој Стража во 15.30 часот  се укинува.

Од 14:35 ч. забранет е сообраќајот кон граничниот премин Делчево за товарни возила,  поради излизгување на товарно возило и блокирање на патот од бугарската страна.Сообраќајот за патнички возила се одвива нормално. Воведена е забрана за тешки товарни возила за патниот правец Кочани-Делчево-граничен премин Делчево.

Магистралниот пат А3 Ресен-Битола-Прилеп, кај м.в.„Баир“, е блокиран за сообраќај и се пренасочува низ центарот на градот.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, наместа со остатоци од снег на коловозот, по интервенција на дежурните екипи од Македонијапат. Снег со слаб интензитет паѓа низ цела Македонија. Поради ниски температури наместа е можна појава на голомразица.

OhridNews