Според најновите информации на АМСМ, укината е забраната за сите видови на возила кон граничниот премин Ќафасан.

Претходно укинати беа забраните за движење на тешки товарни возила на Плетвар, на кракот Маврово – Дебар и на планинскиот превој Ѓавато.

Од ЈП Македонијапат, информираат дека сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Врнежи на снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, додека на планинските превои Стража, Ѓавато, Плетвар и Пресека има врнежи од снег со послаб интензитет. Поради ниските температури можни се подмрзнувања на осојничавите места.

OhridNews