Дисперзираните студии во Струга и во Дебар од Државниот универзитет во Тетово ќе бидат укинати, а во другите градови ќе продолжат со работа со редуцирани студиски програми, јавува „Алсат м“.

Оваа вест ја потврдил проректорот за настава на Државниот универзитет во Тетово, Фехари Рамадани.

Според него, ваквата мерка е заснована на уписната политика на универзитетот и на долгорочната стратегија на Министерството за образование.

OhridNews

извор: „Алсат м“