Вешти крадци без употреба на сила и оружје во работно време од продавница на „Картие“ го украле највредниот прстен вреден половина милион евра.
Како што пренесуваат италијанските медиуми, двајца мажи кои се претставиле кои зборувале француски и арапски, влегле во луксузната продавница на „Картие“ на улицата „Виа Кондоти“ во Рим, наводно за да купат подарок за свадба. Умешно ја натерале продавачката да им ги покаже прстените, а кога им бил презентиран највредниот прстен опточен со дијаманти, вреден 500.000 евра, едниот од нив и го одвлекол вниманието на продавачката и му овозможил на партнерот да го украде вредниот накит. Крадците потоа вешто ја напуштиле продавницата и се изгубиле во толпата купувачи.
Италијанска полиција презема мерки за пронаоѓање на крадците на највредниот прстен на „Картие“.
Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека од 15 ноември до 15 март, согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата возилата кои учествуваат во јавен со...
Изградбата на автопатот Охрид – Кичево се одвива со одлична динамика, а за прв пат во Македонија и во целиот регион се применува најновата европска директива за безбедност во сообраќајот, особено в...
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец Oблачно со повремени врнежи од дожд Максималната темпера...