Тешка кражба е извршена ноќеска во периодот помеѓу 23 и 6 часот утрото, во наплатен пункт на ЕВН во трговски комплекс на Кеј 8-ми Септември во Струга.
Како што информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски, во кражбата е одземен сеф ос наплатниот пункт. Засега не се соопштува вредноста на сефот и што имало во него.
На местото на настанот извршен е увид и се работи на расчистување на настанот.
Г.М.












