Непознати разбојници денеска попладне украле сеф од приватен стан во Охрид. Од СВР Охрид потврдија дека се работи за тешка кражба, но во интерес на полицискиот увид, кој сеуште е во тек, не можеа со точност да кажат што е украдено и на кој начин е извршена кражбата.

Инаку неофицијално во сефот имало поголема сума на пари и златни предмети, а ограбениот стан бил во сопственост на познати охридски трговци.

OhridNews