Комплетната електричната инсталација од Мостот на желбите е украдена, утврдиле екипите за одржување на локалната самоуправа при контролата што што била извршена утрово, откако OhridNews објави дека не работи осветлувањето на преминот што ја спојува населбата Канео со центарот на градот.
Мостот на желбите веќе неколку дена навечер е во мрак, што им создава потешкотии во движењето на локалните жители. Од локалната самоуправа најавија дека во најкус можен рок ќе биде инсталирано ново осветлување на Мостот на желбите.
Мостот на желбите беше изграден минатата година, на иницијатива на концесионерите на плажата „Потпеш“, а со поддршка на фондацијата „Рамковски“.
OhridNews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com