Неколку дена по објавување на сторијата на OhridNews за необичната кражба на палма од дворот на колективна зграда на бул. „Туристичка“, дрвото им е вратено на сопствениците. Случајот побуди интерес кај јавноста која го посочи местото каде завршила украдената палма. Новиот сопственик со кого веднаш контактирале жителите од зградата се оправдал дека палмата ја купил од две млади момчиња и не знаел оти е украдена. Веднаш ја вратил, по што грижливите станари повторно ја засадија во дворот пред зградата, каде стои веќе една деценија.
Украдената палма вратена во својот двор
OhridNews