Засега непознати сторители, ноќта помеѓу 12-ти и 13-ти овој месец, извршиле кривично дело „Тешка кражба„ во црквата „Св.Никола„ во селото Радожда.

Според информациите на СВР- Охрид, непознатите сторители насилно влегле во црквата  „Св.Никола„ и против-правно одзеле 12 икони кои потекнуваат од 19 век како и еден сребрен крст со постољје. Материјалната штета, на бесправно однесените икони, кои се дел од културно-историското наследство, изнесува 1.800.ооо денари.


Сторителите, со подесен алат, го скршиле цилиндарот од бравата на влезната врата, обивајќи ја со употреба на физичка сила. Потоа, низ трпезариската просторија, преку незаклучената врата, влегле во внатрешноста на црквата од каде, од престолот ги одзеле 12-те иконите кои претставуваат ликови на повеќе апостоли.


Истата вечер, во пештерската црква „Св.Архангел Михаил„ во Радожда, сторено е кривично дело „Тешка кражба во обид„. Сторителите на ова дело, со употреба на алат и со физичка сила, насилно делувале врз цилиндарот од влезната врата на црквата и влегувајќи во внатрешноста, извршиле пребарување на црковните простории. Неодземајки ништо, тие брзо ја напуштиле црквата.

Полициската станица од Струга, работи на откривање и пронаоѓање на сторителите.

OhridNews