Од ЈП „Охридски комуналец“ информираат дека се украдени 20 садници кај кружниот тек на улица „Момчило Јорданоски“, кои неодамна беа засадени од страна на нивните екипи при хортикултурното уредување на овој простор. 

–    Утрово нашите служби констатираа дека од хортикултурното решение на кружниот тек на ул.”Момчило Јорданоски” се украдени 20 садници. За случајов поднесовме пријава до надлежните служби, кои се надеваме ќе го расветлат случајот и сторителите ќе бидат казнети, велат од јавното претпријатие.

OhridNews