Вчера, во 14 часот и 30 минути во Полициската станица во Струга од страна на граѓанин било пријавено  оштетување на спомен плочи на добитници на Златниот Венец на Струшките вечери на поезија.

Надлежните служби излегле на лице место, при што е констатирано дека  на улицата ” Kej  Борис Кидрич „ во Струга од страна на непознат сторител откорнати се и одземени вкупно 27 плочи од спомен обележјата.
 
Од страна на струшката полициска станица се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

OhridNews