
– Тешката кражба во црквата е извршена во периодот од 17 часот на ден 28-ми февруари до втори март оваа година. Кражбата е извршена откако претходно насилно и со подесен алат биле скршени двата цилиндри од бравите на влезната врата и помошната просторија. Сторителот, потоа се упатил во внатрешноста на црквата и извршил пребарување низ црковните простории. Седумте икони и сребрениот крст ги одзел од главната црковна просторија, а парите од просторијата за продажба на свеќи, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
За извршената тешка кражба, СВР Охрид изврши увид на местото на настанот и достави информација до Заводот и музеј на град Охрид. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот на овој вандалски чин.
OhridNews












