Вчера, во попладневните часови во периодот од 11 до 17 часот, од црквата „Св. Атанасиј“ во струшкото село Луково биле украдени 21 икона и црквено архивски книги.

Тешката кражба била извршена со насилно отварање на вратите од црквата. Увид на лице место извршила екипа при Полициската станица од Струга.

Се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителот на кражбата.

Во период од неколку месеци ова е втора кражба на икони во ова село. Првата се случи во црквата Св. Ѓорѓија, од која беа украдени неколку икони.

OhridNews