Во ОУ „Зини Хани“ во струшкото село Велешта од страна на непознати сторители, викендов, била извршена тешка кражба, при што биле одземени 14 монитори за компјутери марка „Хаиер“ и две куќишта од компјутер марка „Хаиер“.

Имено, сторителите насилно отвориле еден од прозорците на училницата и влегле внатре, по што ги одзеле компјутерите и мониторите и заминале во непознат правец.Висината на материјалната штета дополнително ќе биде утврдена.

Увид на лице место извршила увидна екипа од Полициската станица Струга, се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.

OhridNews