Вчера во 11,10 часот во Охрид на градскиот плоштад, на местото на некогашната црква „Св.Димитрија“, каде граѓаните палат свеќи и оставаат пари до поставените икони, едно лице извршило тешка кражба на дрзок начин.

Имено, жената која го одржува просторот,  го затекнала лицето при вршење на кражба на пари од иконите, а кога го прашала зошто ги краде парите, истиот извадил ситни книжни пари од џебот, ги фрлил на пултот и одзел едно сребрено ланче со сребрен крст и со сиви бисери на истото од една од иконите. Кога пријавителката се обидела да го спречи, истиот ја турнал, го одзел ланчето и парите кои предходно ги имал одземено и се дал во бегство. СВР-Охрид презема мерки за пронаоѓање на сторителот.

OhridNews