Како што информираат од СВР- Охрид, грабежот е извршен викендов, во вечерните часови во сабота наспроти недела. Крадците влегле со обивање на влезната врата од црквата.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите на кражбата.
Ова е една од неколкуте случени кражби во црквите во Радожда во текот на минатата и оваа година. Кон крајот на 2011 во ова село, во два наврати од храмот „Св. Никола“ беа украдени бројни икони по што оваа црква речиси остана празна. Во првиот грабеж беа украдени 12 икони и сребрен крст, а во вториот 17 .
Во изминатите три години од струшките цркви украдени се над 70 икони.